Саутемптон одлучиле да му дадат отказ на менаџерот Ралф Хазенхитл за време на паузата за Светското првенство или пред последниот меч пред стартот на Мундијалот против Ливерпул на „Енфилд“ во сабота, јавуваат повеќе англиски медиуми.
Ова доаѓа по катастрофалниот домашен пораз од 1:4 од Њукасл на „Сент Мерис“, кој ги остава „светците“ на 18. место на табелата со само три победи во првите 14 меча од сезоната.
Австрискиот стручњак, кој претходно работеше и со РБ Лајпциг, пристигна во Саутемптон во декември 2018 година на местото на Марк Хјуз и постојано изборуваше опстанок во лигата. Сепак, под негово водство, тимот доживеа и два понижувачки порази од 9:0, еднаш во 2019 против Лестер и еднаш во 2021 против Манчестер јунајтед.