Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон беше брутално искрен по разочарувачкиот 3:0 пораз од Брајтон во саботата, признавајќи дека „црвените“ во моментов се на „прилично ниско ниво“.
„Сè! Во моментов сè е погрешно од почетокот до крајот. Брајтон беа подобри од нас во секој аспект на играта. Ова е навистина ниска точка за тимот. Но, мораме да останеме заедно, бидејќи во тешките моменти правите одлуки кои можат да ја сменат ситуацијата. Мораме бргу да ги научиме лекциите и да реагираме. Не се работи само за една работа. Многу работи не се на вистинско место веќе подолго време. Сите го знаат тоа. Ќе ја преземеме одговорноста. Во моментов самодовербата е на ниско ниво, енергијата ја нема“, вели Хендерсон.
Ливерпул против Брајтон имааа зачудувачки 39 отсто посед на топката, два удари на голот во споредба со деветте на противникот, и дури 240 додавања помалку од Брајтон. Ова е шести пораз во 18 кола оваа сезона, откако минатата сезона имаа само два порази.