Top Sport

Хендерсон: Ливерпул ќе биде уште посилен кога ќе се врати Премиер лигата

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон е сигурен дека лидерите во Премиер лигата ќе бидат уште подобри кога ќе се рестартира лигата и дека нема да застанат во походот на првата лигашка титула по 30 години.

Тимот на Јирген Клоп има 25 поени пред Манчестер сити на врвот на табелата и им требаат само две победи за да осигураат прва титула од 1990 година по најавите дека лигата ќе се врати во средината на мај. Оваа недела Ливерпул, како и другите англиски клубови се вратија на тренинзи во мали групи и Хендерсон верува дека тие се во одлична форма и дека ќе продолжат каде што застанале.

„Морате да го заддржите фитнес-нивото и добивме програма од клубот што да правиме и во карантин. Кога ќе се вратиме ќе бидеме на доволн одобро ниво да се вратиме на вистински тренинзи. Верувам дека кога ќе дојде време за натпревари, ќе бидеме подготвени. Паузата ни даде шанса да се навратиме на сезоната и на тоа што направивме. Тоа ни даде мотивација да одиме напред“, вели Хендерсон.

Scroll to Top