Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон крајот од финалниот меч во Мадрид го дочека со солзи во очите. Не можеше да се воздржи по сјајниот финиш на сезоната на „црвените“, откако Сити им ја грабна титулата во Премиерлигата во последното коло.
„Многу сум горд на овој тим на кој сум капитен. Ова е најдобриот момент во мојата кариера, она за што сонував како дете. Без ваков менаџер, овој успех би бил невозможен. Имаше тешки моменти во текот на сезоната, но тој направи нешто посебно. Постои неверојатно заедништво во овој тим, за него одат сите пофалби“ – рече Хендерсон.
Вели дека имал тешки моменти од доаѓањето во Ливерпул, но Клп бил тој кој му помогнал.
„Имав тешки моменти, но секогаш туркав напред и се трудев да ја правам најдобрата работа, да пружам максимум за да и помогнам на екипата“ – вели Хендерсон.
Пред да го подигне „ушкото“, Хендерсон отрча покрај теренот во Мадрид, кај својот татко.
Look what it means to Jordan Henderson. #LFC #UCLFINAL #Henderson #passion pic.twitter.com/O7tgf7QCQa
— Charlie Gibson (@CharlieMooseGib) June 1, 2019