Хрватскиот фудбалски интернационалец Дејан Ловрен летово ја заврши авантурата во англискиот шампион Ливерпул, па прејде во редовите на рускиот првак, Зенит.
Тој на Инстаграм објави фотографија од писмо кои му го испратил капитенот на „црвените“ Џордан Хендерсон.
„Не можам да ја замислам екипата без тене и искрено се уште не ми е верно дека не се враќаш. Беше многу важна фигура во нашата соблекувална и еден од највлијатените играчи кој ни помогна да станеме она што сме денес – победници. Се надевам дека си свесен дека со право те сметаат за еден од најдобрите во светот на таа позиција. И кај нас, и во Хрватска всади војнички менталитет. Дури и во периодот кога не ти беше лесно, беше овде за сите нас и никогаш нема да ја заборавам поддршката која ми ја пружи да станам водач на тимот. Ти секогаш ќе си нашиот капитен иако немаш трака околу раката. Надвор од теренот беше една од најдобрите личности со кои сум имал можност да ја делам соблекувалната. Веќе ми недостасуваш“ – стои меѓудругото во писмото потпишано од Хендерсон.