Top Sport

Хенес: И така Озил беше срање последните години

Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес немаше многу милост кон Месут Озил и неговата одлука да се повлече од германскиот дрес, велејќи дека играчот од средниот ред „и така беше срање последните години“.

29-годишниот Озил објави дека се повлекува од националниот тим по критиките кои ги добиваше за фотографијата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган покрај колегата Илкај Гундоган пред СП во Русија, каде што Германија како актуелен шампион катастрофално испадна уште во групната фаза.

Претседателот на Германската фудбалска федерација (ДФБ), Рајнхард Гриндел изјави дека Озил должи објаснување за навивачите, а Оливер Бирхоф, менаџерот на репрезентацијата изјави дека Јоаким Лев треба да го исклучи од составот. Озил сметаше дека неговото турско потекло е пречка во Германија, но Хенес вели дека ѕвездата на Арсенал се крие зад политиката да ги оправда своите потпросечни игри.

„Среќен сум што ова заврши. Тој и така беше срање последните години. Последен пат доби дуел пред Светското првенство во 2014, а сега неговата лоша игра ја крие зад оваа фотографија. Кога Баерн играа против Арсенал, одевме само преку него, бидејќи знаевме дека тој е најслабата точка. Неговите 35 милиони следбеници не постојат во реалниот свет и се убедени дека игра неверојатно кога ќе додаде една топка. Развојот на ситуацијата во нашата земја е катастрофа и сега мораме да се вратиме на тоа што е важно – спортот. А од спортска гледна точка, Озил не требаше да има место во националниот тим со години“, вели Хенес за „Спорт билд“.

Озил дебитираше за Германија под Лев во февруари 2009 и оттогаш имаше 92 настапи и 23 гола.

Езил се повлече од германската репрезентација

Scroll to Top