Top Sport

Хери Кејн го предупреди Ливерпул: Тотенхем може до титулата

Ѕвездата на Тотенхем, Хери Кејн вели дека нема причина зошто неговиот тим не може да ја освои титулата од Премиер лигата оваа сезона, праќајќи јасна порака до шампионите Ливерпул.

По спориот старт на сезоната, Тотенхем има победи во последните два меча и скокна на шестото место, а со победа на гости кај ВБА денеска, ќе ги поминат лидерите Саутемптон и Ливерпул, барем неколку часа додека „црвените“ не гостуваат кај Манчестер сити. Досега, Тотенхем најголем успех имаше во 2016/17 кога беа втори зад Челси, но Кејн вели дека ова можеби е нивната сезона.

„Ако ги погледнете квалитетите на нашиот тим, дефинитивно нема причина зошто да не одиме до титулата. Бевме блиску последните четири-пет години, но не ситигнавме до целта. Не е важно само да имаш силен тим или да победиш во неколку натпревари. Но, оваа сезона мислам дека никој нема рано да избега со водство како Ливерпул лани и ќе има шанси за другите тимови. Мораме да останеме смирени, знаеме дека играме добро, но ни требаат и победи во грди натпревари, да не губиме поени“, вели Кејн.

Scroll to Top