Top Sport

Хери Кејн остана на Флорида, осигура да не игра против Сити

Хери Кејн очигледно не се откажува од својот план да биде продаден, откако остана дополнителен ден на одмор на Флорида, што значи дека и да се врати во тимот на Тотенхем, нема да може да игра во првото коло од Премиер лигата против тимот на кој сака да му се приклучи, Манчестер сити.

Според „Дејли мејл“, Кејн заминал на Флорида по семејниот одмор на Бахамите, иако Тотенхем го чекаа на тренинзи во понеделникот и 28-годишниот англиски капитен планира да пристигне овој викенд, но прво мора да направи КОВИД тест во базата на клубот и да помине период на изолација од 10 дена пред да се врати на тренинзи.

Scroll to Top