Top Sport

Хери Кејн признава – со Конте Тотенхем покажуваат големи амбиции

Иако во текот на летото беше блиску до заминување од клубот, Хери Кејн признава дека со ангажирањето на Антонио Конте, Тотенхем покажале дека имаат големи амбиции.

Конте го замени Нуно Еспирито Санто, кој доби отказ по само четири месеци, и вчера ги предводеше до победа во првиот меч, 3:2 триумф во Конференциската лига на УЕФА против холандскиот Витесе. 28-годишниот Кејн повторно не беше меѓу стрелците и не ја врати најдобрата форма по неуспешниот обид да направи трансфер во Манчестер сити.

„Да бидеме искрени, доаѓањето на Конте покажува големи амбиции. Неговите успеси зборуваат доволно за него. Мора да се почитува тоа. Тој ќе работи напорно да не подобри индивидуално, но ние треба да го кренеме нивото и да стигнеме до максимумот. Имаме менаџер и клуб кој верува во нас и тоа треба да не мотивира. Стартот не беше најдобар за нас и за мене лично и мораме да го прифатиме тоа“, вели Кејн.

Scroll to Top