Top Sport

Хери Кејн се врати со два гола во едно полувреме!

Еден ден откако потврди дека ќе остане во Тотехем, капитенот Хери Кејн „блесна“ во првото полувреме од реваншот во баражот за пласман во Конференциската лига на УЕФА, постигнувајќи два гола против португалскиот Пакос де Фереира, со што ја поништија нивната предност од 0:1 од првиот меч.

Кејн беше стартер во тимот на Нуно Еспирито Санто, и уште во 9. минута го отвори резултатот, по што во 35. минута даде уште еден гол покажувајќи зошто Тотенхем по никоја цена не сакаше да се откаже од него.

Scroll to Top