Top Sport

Херта „разбиена“ во Аугзбург, четврти пораз во низа (видео)

Аугзбург првпат по пет години успеа да ја совлада Херта, декласирајќи ја со 4:0 на „ВВК арената“ за да скокнат до 12. место во Бундеслигата и во исто време на клубот од Берлин да им го нанесат четвртиот пораз во низа – Херта нема победа во пет натпревари.

Филип Макс по само 17 минути игра донесе водство за домаќините, за десет минути подоцна по една лоша грешка на одбраната на Херта да биде 2:0 преку Серхио Кордова. Во второто полувреме, Аугзбург постигна уште два гола – Андре Хан во 52. минута и Флоријан Нидерлехнер во 79. минута ја зголемија мизеријата на Берлин.

Scroll to Top