Областа „Шемблс сквер“ во Манчестер е преполна со навивачи на Феенорд кои го чекаат дуелот од Лигата на шампиони против Манчестер сити на „Етихад“.
Холандскиот тим веќе е елиминиран од Лигата на шампионите, откако ги загуби сите четири меча досега, но тоа не спречи илјадници навивачи на тимот да пристигнат во Англија. Тие запалија факли, пиеја пиво во огромни количини, а забележително беше и присуството на полицијата поради репутацијата на „легијата“ од Ротердам.
Засега, сè поминува во добар навивачки дух.
Fireworks #FeyenoordOnTour #Feyenoord @MENnewsdesk @FBAwayDays pic.twitter.com/vESC11kVwU
— Mike Halley (@MikeHalley) November 21, 2017