Борусија Дортмунд во спектакуларен меч го победи Аугсбург 4:3, во седмото коло, во Бундес лигата. Блескаше Шпанецот Пако Алкасер кој постигна три гола, вклучувајќи го и победничкиот во 96.минута.
Првото полувреме на „Вестфален“ не навестуваше дека дуелот ќе заврши со седум гола. Гостите по првиот дел имаа предност со голот на Исланѓанецот Финбогасон.
Во вториот дел. Алкасер, кој како позајмен играч на Барселона, израмни во 62.минута на 1:1, а предноста на Аугсбург му ај врати Макс. Шпанецот во 80.минута повторно постигна гол за израмнување, а пресврт направи Геце во 84.минута. Само три минути подоцна Грегорош израмни на 3:3.
На истекот на времето, во 96.минута, Алкасер од слободен удар го комплетираше хет-трикот и обезбеди победа за Борусија, која и по ова коло ќе остане на лидерската позиција на табелата.
Шалке полека излегува од кризата, откако ја забележа втората победа во Бундес лигата, трета по ред во сите натпреварувања. Мекенли и Бургсталер беа стрелци во победата 2:0 кај Диселдорф.
Мајнц и Херта одиграа натпревар без голови, а Хановер го победи Штутгарт со 3:1.