Јувентус се „рехабилитираше“ за тешкиот пораз во Лигата на шампионите од Реал Мадрид со рутинска 2:4 победа кај фенерџијата Беневенто, со што направија уште еден чекор кон одбраната на титулата во Италија.
Човек на мечот дефинитивно беше Пауло Дибала, кој постигна хет-трик, иако со два гола од пенал, за Јувентус да се зацврсти на врвот со 81 поен, дури седум повеќе од Наполи, кој својот меч го игра утре. Беневенто се „заковани“ на дното со 13 поени и следната сезона ќе настапуваат во Серија Б.