Top Sport

Хет-трик на Лукас Моура, Тотенхем лесно со Хадерсфилд (Видео)

Тотенхем забележаа лесна победа над Хадерсфилд 4:0 во 34 коло во Премиер лигата. Мечот со првиот хет-трик во Премиер лигата го обележа Лукас Моура.

Спарс, без Кејн и Али, отпорот на тимот што веќе е испаднат во Втората лига го најавија во само три минути кога во 24 и 27 минута Ванјама и Лукас ги постигнаа првите два гола.

Во самиот финиш на натпреварот Бразиелцот постигна два гола во 87 и 93 минута, со што го комплетира хет-трикот.

Тотенхем со оваа победа се вратија на третото место на табелата со 67 бода, бод повеќе од Челси.

Scroll to Top