Хетафе со 4:0 го „торпедираше“ Кадиз, за втора победа во последните три кола и препуштање на последното место на Леванте, откако првпат од декември 2019 дадоа четири гола во еден меч (иронично токму против Леванте).
Хетафе, каде што неодамна се врати Кике Флорес Санчез во обид да го спаси клубот од испаѓање, дојдоа во водство уште во 7. минута преку Уругваецот Матијас Оливера, пред во второто полувреме уште трипати да ја сместат топка во мрежата на гостите, преку Хорхе Куенка, Енес Унал и Хаиме Мата.
Хетафе сега се на 19. место со 9 поени, два повеќе од Леванте на Енис Барди, додека Кадиз е на 16. место со 12 поени.
Standings provided by SofaScore LiveScore