Top Sport

Хетафе го губи чекорот за ЛШ (Видео)

Фудбалерите на Хетафе никако да ја пронајдат вистинската форма по паузата која настана во Ла Лига поради коронавирусот. Вечерва Хетафе одиграа 1:1 со Еибар. Во првите три средби по паузата тимот од Мадрид освои само два бода.

На „Колосеум Алфонсо Перез“ домаќините први дојдоа во предноста, но на крајот се спасуваа од пораз.

Хетафе во 30 минута го постигна голот преку Етебе. Еибар израмнија во 51 минута од првото полувреме преку Чарлс.

Еибар во 86 минута постигнаа гол преку Бигас кој беше поништен поради милиметарски офсајд.

Хетафе со натпревар повеќе од Реал Сосиедад се петти на табелата со 48 поени, додека Еибар ја продолжува борбата за опстанок. Овој тим се наоѓа на 16 место со 29 бода.

Scroll to Top