Хетафе и Џирона, во директна пресметка за место што носи пласман во Лига Европа, попладнево во Мадрид одираа 1:1, иако двата тима имаа шанси да го освојат целиот плен.
Домаќинот добро влезе во натпреварот и поведе со голот на Сенегалецот Амат во 18.минута. Во финишот на првиот дел, Хетафе остана со играч помалку. Дамијан Суарез направи прекршок за пенал, поради што доби црвен картон. Прецизен од белата точка беше најдобриот стрелец на Џирона, Кристијан Стуани.
Меѓутоа и со играч помалку Хетафе подобро делуваше на почетокот на вториот дел. Во 58.минута добија можност да стигнат до нова предност, но Хорхе Молина не успеа да реализира пенал.
До крајот на мечот, Џирона пропушти две добри шанси, а Молина ја тресеше гредата од голот на гостите.
Хетафе со овој бод остана на седмото место со 49 бода, а Џирона има бод помалку. Покрај овие два тима за пласман на седмото место и пласман во Лига Европа уште се борат Севилја и Реал Сосиедад.