Фудбалерите на Хетафе го искористија киксот на Валенсиа во Мадрид и дополнително се зацврстија на четвртата позиција на табелата во Ла лига која носи квалификации за Лигата на шампиони.
Хетафе попладнево минимално со 1-0 го порази Атлетик Билбао и со новите три бода собра вкупно 50.
Единствениот гол за домашните денеска беше дело на Анхел Родригез кој ја стресе противничката мрежа во 78 минута.
Хетафе денеска ќе навива за Валјадолид, да не загуби од Севилја која има 3 бода помалку од нив на петтата позиција.