Top Sport

Хетафе се фаворити за потписот на Столе Димитиревски

Чуварот на мрежата на македонската фудбалска репрезентација Столе Димитриевски во летниот преоден рок ќе го напушти Рајо Ваљекано откако клубот не успеа да се врати во Ла Лига.

Интерес за Димитиревски, според шпанските медиуми, покажале три клуба кои се натпреваруваат во елитната конкуренција: Хетафе, Еибар и неговиот поранешен клуб Гранада.

Според шпекулациите Македонецот бил најблиску до трансфер во Хетафе, иако финансиската понуда на Гранада била подобра. Со евентуалниот трансфер во Хетафе, Димитиревски ќе го смени клубот но ќе остане во Мадрид кој е негов дом од сезоната 2018/2019.

Минатата сезона во која Рајо Ваљекано го освои седмото место во Сегунда, Димитриевски настапи на 32 натпревари.

Хетафе во штотуку завршената сезона во Ла Лига на платниот список имаше четворица голмани, а неприкосновен на голот беше 28 годишниот Давид Сорија кој бранеше на сите 38 натпревари во Ла Лига.

Сорија прими 37 гола сезонава, помалку голови од Хетафе примија само Реал, Атлетико и Севилја.

Останатите тројца се 30 годишниот Аргентинец Леандро Чичизола, 23 годишниот Шпанец Маркос Лавин и 24 годишниот Србин Филип Манојловиќ.

Scroll to Top