Top Sport

Хеунг-Мин Сон ќе заминел од Тотенхем ако не го пуштеле на Азиските игри

Поранешниот менаџер на Тотенхем, Маурисио Почетино вели дека ја ризикувал сопствената работа (која на крајот ја загуби), со дозволата на Хеунг-Мин Сон да игра на Азиските игри, бидејќи во спротивност Кореецот ќе заминел од лондонскиот клуб.

Јужнокореецот доби изземање од служењето на 21-месечниот воен рок откако како капитен ја предводеше фудбалската репрезентација до победа на турнирот во 2018 година. Бидејќи Азиските игри не се дел од календарот на ФИФА, Тотенхем смееле да не му дозволат да патува со клубот.

„Никој не зборува дека Хери Кејн беше повреден, дека Сон не играше првите неколку месеци поради Азиските игри. Денеска, Сони е во Тотенхем бидејќи му дозволив да оди на два турнири кои не беа задолжителни. Да не го направев тоа, сега немаше да има договор со Тотенхем“, вели Почетино.

Аргентинецот беше отпуштен во ноември по низата слаби резултати и на негово место дојде Жозе Мурињо. Тој беше креатор на тимот кој стигна до финалето на Лигата на шампионите во 2019 (кое го загубија со 2:0 од Ливерпул), по што формата тргна надолу.

Scroll to Top