Top Sport

Хименез се изнаплака пред мечот да заврши

Колку може да значи фудбалот кога се игра за националниот дрес најдобро покажува примерот на Хозе Марија Хименез, кој не можеше да ги сопре солзите при 2:0 поразот и елиминацијата на Уругвај од силната Франција во четврт-финалето на СП.

Во 89. минута од мечот, додека се подготвуваше слободен удар за Франција, а од трибините почна песна на уругвајските навивачи, дефанзивецот на Атлетико Мадрид веќе не можеше да издржи.

По изведувањето на слободниот удар, Хименез ги избриша солзите, но веднаш потоа пак застана и плачеше на теренот.

Англискиот коментатор, поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Гери Невил беше суров: „Ги сфаќам сите емоции, но ова е помалку засрамувачки за него“.

Франција сигурно преку Уругвај во големо полуфинале во Русија

Scroll to Top