Top Sport

Хименез за 38 секунди доби два жолти картони

Вулверхемптон, второто полувреме на „Етихад“ против Манчестер сити, ќе го ира со фудбалер помалку. Причина е глупоста што ја направи Раул Хименез во самиот финиш на првиот дел.

Мексиканецот наипрвин направи прекршок за жолт картон, потоа застана пред топката, во желба да им овозможи на соиграчите подобро да се распоредат.

Судијата Мос не сакаше да му прости и му покажа уште еден жолт картон.

Од првиот до вториот жолт картон поминаа само 38 екунди.

Scroll to Top