Top Sport

Хоакин ги расплака навивачите па го продолжи договорот (Видео)

Легендата на Бетис, Хоакин Санчез, го продолжил договорот со клубот. 38 годишниот фудбалер на „Бенито Вилјамарин“ ќе остане до јуни 2021 година.

Веста дека Хоакин ќе остане во Бетис, клубот ја објави на социјалните мрежи со интересно три минутно видео.

Видеото започнува со тажна музика и зборовите на Хоакин.

„Дојде време да се поздравиме, моето тело повеќе не ми дозволува сè да биде исто.“

Тој потоа влегува во соблекувалната се потсетува на сите успеси со клубот, а потоа влегува во хеликоптер, од воздухот му се восхитува на градот Севилја. Во моментот кога се наоѓа над стадионот музиката во видеото станува весела, а тој објаснува дека се чувствува одлично и дека го продолжил договорот.

„Бетис го продолжи договорот со капитенот Хоакин. Тој е симбол на она што претставува Бетис. Ќе го предводи тимот до 2021 година“, објави клубот.

Хоакин Санчез во кариерата играл и за Фиорентина, Малага и Валенсија. За репрезентацијата на Шпанија одигра 51 натпревар.

Scroll to Top