Top Sport

Хоакин Кореа пристигна на тестови во Интер

Трансферот на аргентинскиот напаѓач на Лацио, Хоакин Кореа во Интер е пред комплетирање, откако тој пристигна на медицински тестови во Милано.

Популарниот Туку, имаше богата понуда од премиерлигашот Евертон, но се реши за Интер за да продолжи да работи со својот поранешен тренер, Симоне Инзаги. Доколку ги комплетира медицинските тестови навреме, тој може да дебитира за „нераѕурите“ веќе овој викенд.

Италијанските медиуми тврдат дека Интер ќе му исплати на Лацио 31 милиони евра за трансферот, но дека исплатите ќе бидат на неколку рати.

Scroll to Top