Top Sport

Хоџсон: 13 тима се борат за опстанок во Премиер лигата

Менаџерот на Кристал Палас, Рој Хоџсон вели дека дури 13 тимови во Премиер лигата се борат за опстанок во една од најтесните сезони во англискиот фудбал.

Хоџсон вели дека сите од Вест Бром, моментално на 20. место со 20 поени, до Лестер, кои се осми со 34 поени се во опасност за испаѓање во Чемпионшип. Според него, дуелот со Њукасл во недела е клучен, исто како и преостанатите 12 меча по тој.

„Со секој натпревар сега е можно да освоите шест поени – три за себе и три од противникот. Може да ме прашате ова прашање и во следните 12 натпревари и ќе го кажам истото. Со толку тимови блиску до еден друг, од дното до осмото место не е голема разлика. Ако победиш, одиш напред, ако губиш, блиску си до крајот“, вели Хоџсон.

Поранешниот англиски селектор успеа да ја „сврти“ работата во Кристал Палас, откако лондонскиот клуб ја започна сезоната со седум порази во низa, но сега се на 13. место со 26 поени.

Scroll to Top