Вилфрид Заха не е достапен во јануарскиот преоден рок, вели менаџерот на Кристал палас, Рој Хоџсон, кој верува дека неговиот клуб ќе успее да го одбие новиот обид на Челси да го добие англискиот напаѓач.
Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, повторно е во одлична форма за Палас, иако во текот на летото побара трансфер, но „орлите“ го ценеа толку скапо што Арсенал и Евертон беа одбиени поради прениски понуди. Поранешниот англиски селектор Хоџсон, вели дека не очекува поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед да замине од тимот.
„Вилфрид Заха не е на продажба и не ми се потребни посебни уверувања од бордот на клубот. Не се обидуваме да го продадеме и сакаме тој да остане наш фудбалер. Но, на крајот, какви уверувања можам да добијам? Никогаш не се знае колку ќе понуди некој сериозен тим кој мора да биде сфатен сериозно“, вели Хоџсон.