Top Sport

Хофенхајм ја виде силата на Баерн, минимален триумф и на „милионерите“

Баерн Минхен до врв ја наполни мрежата на домаќинот Хофенхајм во рамки на 24 коло од Бундеслигата. Баварците со 6-0 го торпедираа Хофенхајм и со 52 бода се зацврстија на врвот на табелата во германското првенство.

Канонадата кон противничкиот гол пулените на тренерот Флик ја започнаа уште во 2 минута. Прецизно стрелаше Габри, на асистенција на Милер. Само 5 минути подоцна Кимих носи 2-0 за Баерн. До третиот гол за Баварците се чекаше до 15 минута кога погоди Ѕирке, а Кутињо со својот прв погодок на мечот во 33 минута донесе предност од 4-0 за фаворитот на мечот.

Само што започна вториот дел, во 47 минута Кутињо со својот втор гол носи предност од 5-0, а последниот гол за конечни 6-0 беше дело на Горецка во 62 минута.

Борусија Дортмунд потешко од очекувањата, славеше минимален триумф од 1-0 против Фрајбург. Стрелец на единствениот гол за „милионерите“ вреден 3 бода беше Санчо во 15 минута.

Гостинска победа славеше и четвртопласираниот тим во Бундеслигата, Борусија Менхенгладбах. Триумф од 3-2 славеа против Аугзбург, а сите 5 гола на мечот паднаа во вториот дел.

На четвртиот дуел кој започна во истиот термин, Мајнц со 2-0 славеше победа против „фенерџијата“ Падерборн.

Scroll to Top