Top Sport

Хофенхајм се разделија со тренерот Шредер

Фудбалскиот клуб Хофенхајм ја раскина соработката со тренерот Алфред Шредер. Наследникот на Јулијан Нагалесман во клубот се задржа помалку од една година. Минатото лето тој договори соработка до јуни 2022 година.

Хофенхајм објави дека несогласувањето околу понатамошните амбиции придонеле за прекинот на соработката.

„Не се согласувавме околу начинот на кој би требало клубот да функционира во иднина. Жал ми е поради тоа. Сепак вака е поштено бевме искрени кога ја донесовме одлуката“, рекол 47 годишниот тренер.

Хофенхајм до крајот на сезоната ќе се бори за пласман во Лига Европа. Клубот во Бундеслигата се наоѓа на седмото место со 43 поени.

Scroll to Top