Top Sport

Хофенхајм со „шестка“ за Келн, Шалке спречи Баерн да стане шампион

Тимот на Хофенхајм полека го испрати Келн во втората Бундеслига по убедливата 6:0 победа, додека Шалке со 2:0 го победи Фрајбург за да не дозволи Баерн Минхен да ја потврди титулата денеска по дербито со Борусија Дортмунд.

Серж Гнабри постигна два гола, а Хофенхајм доминираше од почетокот до стартот против „Јарците“ за импресивна победа со која тимот на Јулијан Нагелсман се задржа на седмото место со 42 поени со реални шанси за борба за место во Европа. Од друга страна, Келн се претпоследни со 20 поени, еден повеќе од Хамбургер, кои одиграа 1:1 против Штутгарт.

Шалке пак, во второто полувреме го „скрши“ отпорот на Фрајбург, и со головите на Калигури од пенал во 63. минута и на Гвидо Бургшталер во 73. минута се доближија на 14 поени над апсолутните лидери, Баерн Минхен.

БУНДЕСЛИГА, 28.КОЛО

Баер Леверкузен – Аугзбург 0:0

Хановер – РБ Лајпциг 2:3

Хофенхајм – Келн 6:0

Шалке – Фрајбург 2:0

Штутгарт – Хамбургер 1:1

Scroll to Top