Данскиот репрезентативец Пјер-Емил Хојбјерг е на медицински тестови во Тотенхем, пред најавениот трансфер од Саутемптон, за прво засилување на тимот на Жозе Мурињо.
Тотехем ќе платат околу 15 милиони фунти за Хојбјерг, сума која може да порасне до 20 милиони фунти со бонусите, додека лондонскиот клуб ќе го прати во Саутемптон десниот бек Кајл Вокер-Питерс во посебен договор.
Хојбјерг ја загуби капитенската лента во Саутемптон откако го информираше клубот дека нема да потпише нов договор, и помина поголем дел од сезоната 2019/20 на клупа. Евертон беа заинтересирани за него, но тој сакал да работи под Мурињо.
25-годишниот фудбалер од средниот ред пристигна во Англија од Баерн Минхен во 2016, откако во Германија работеше под Пеп Гвардиола.