Top Sport

Холандски „компромис“ – Јунајтед пред потпис со Де Јонг, но и со Тајрел Маласија

Ерик Тен Хаг, очигледно, ќе добие двајца фудбалери кои ги посакува, откако повеќе британски и шпански медиуми јавуваат дека „сагата“ околу Френки де Јонг и неговиот трансфер од Барселона е пред крај, а во исто време, неочекувано, пред потпис е и младиот дефанзивец на Феенорд, Тајрел Маласија.

За Де Јонг, „ѓаволите“ ќе платат 56 милиони фунти, а во исто време Јунајтед преговарале и со Феенорд за 22-годишниот лев бек, Маласија, кој има ист агент како и Де Јонг. Според изворите на „ЕСПН“, Барселона се „помириле“ дека не можат да ги добијат посакуваните 86 милиони фунти за Холанѓанецот, и сега се чека да се одредат само бонусите кои би ги добиле во Каталонија, како и платата на 25-годишниот Де Јонг.

Маласија ја помина целата сениорска кариера во Феенорд, дебитирајќи во ЛШ на 18 години во 2017 година, по што тој доби повик и во репрезентацијата. Се веруваше дека Маласија беше пред договор со Лион, пред да интервенираат од премиерлигашот.

Порталот „Гол“ оценува дека Тен Хаг сака пет засилувања пред новата сезона – Кристијан Ериксен, кој е слободен играч, ако и Антони и Лисандро Мартинез од Ајакс.

Scroll to Top