Top Sport

Холандските тренери се најлоши во Топ 5 првенствата

Некогаш холандските тренери беа синоним за успешни резултати во светот на фудбалот, а денес ниту еден стратег од оваа земја не работи во некое од најсилните пет национални првенства во Европа (Шпанија, Англија, Италија, Германија, Франција).

Сите холандски тренери кои ја почнаа сезоната во најсилните шампионати на овие пет земи добија откази.

Прв доби отказ Франк де Бур во Кристал Палас уште на почетокот на сезоната, недолго по Де Бур без работа остана и Андриес Јонкер во Волфсбург.

Пред ден месец Евертон реши да ја раскине соработката со Роналд Куман, откако клубот кој потроши речиси 200 милиони евра на засилувања испадна од Лига Европа и влезе во опасната зона на табелата во Премиер лигата.

Угледот на холандските тренери остана да го брани Петер Бош, но во неделата и тој доби отказ во Дортмунд откако два месеца не успеа да победи никого со Борусија.

И ова не е сè, денес отказ доби уште еден Холанѓанец, Алберт Стиувенберг, во белгискиот прволигаш Генк.

Scroll to Top