На Френки де Јонг нема да му биде тешко да се навикне на животот во Барселона, клуб кој постојано е поврзан со Холанѓаните, откако доби пречек од поранешниот напаѓач на Блауграна, Патрик Клајверт.
22-годишниот сега веќе поранешен фудбалер на Ајакс, е во Каталонија неколку дена и Клајверт беше тука да му помогне, бидејќи тој самиот направи трансфер преку Милан во 1998 година. Де Јонг, заедно со својата девојка, Клајверт и неговата сопруга и синот Шејн (кој е дел од академијата на Барселона) преку заедничка фотографија го објавија дружењето.
42-годишниот Клајверт двапати беше во Барселона, еднаш како фудбалер, и еднаш како тренер и сигурно ги знае сите тајни за животот во каталонската престолнина. Неговиот постар син, Џастин пак, игра во една друга престолнина во Италија, како фудбалер на Рома.