Top Sport

Холандското дерби ПСВ и Феенорд со два луди гола! (видео)

ПСВ Ајндховен успеа да освои 1:1 реми против Феенорд во дербито во холандската Ередивизие, резултат со кој остануваат лидери по 23 кола со два поени повеќе од Ајакс од Амстердам.

Тимот на Марк ван Бомел од 59. минута играше со играч повеќе по црвениот картон на Свен ван Бек, но госите први дојдоа до водство на „Филипс“ стадионот, откако Николај Јоргенсен во 70. минута постигна гол од огромна далечина.

Но, радоста на Феенорд траеше кратко, откако само минута подоцна, Мексиканецот Ирвинг Лозано постигна прекрасен гол по нафрлањето на Коди Гакпо.

Со овој резултат, ПСВ се први со 58 поени, Ајакс има 56 по убедливата 5:1 победа над Ден Хаг, додека Феенорд се на третото место со само 43 поени.

Scroll to Top