Холанѓаните решија први да се „пресметаат“ со милиметарските офсајди. Тие планираат да воведат „дозволена грешка“, односно да не се смета дека напаѓачот бил во офсајд, доколку за десет сантиметри е најблиску до противничкиот голман.
Од Фудбалскиот сојуз на Холандија истакнале дека ја подржуваат ВАР технологијата и дека нема потреба ништо да се менува доколку фудбалерот е во „дозволен офсајд“ од десет сантиметри.
Најмногу проблеми со сантиметрите имаат Англичаните, тие веднаш се обратиле до ФИФА, од која побарале да не им дозволи на Холанѓаните да го воведат ова правило.