Клубот од Босна и Херцеговина, Тузла сити, кој минатата сезона го освои второто место во Премиер лигата, вечерва игра натпревар во Лигата на конференции. Во рамките на второто квалификациско коло, Тузла сити ќе гостува кај АЗ Алкмар.
Холанѓаните, но и обложувалниците очекуваат АЗ да се прошета до третото коло од Конференциската лига и прашање е колку навивачи ќе се соберат на стадионот АФАС.
Токму поради тоа што има исклучително мала побарувачка за средбата, најевтините билети можат да се купат за неверојатна цена.
Најевтините билети се продаваат за 50 центи. Во превод, за 30 денари денес може да гледате европска пресметка во една од најскапите европски земји, на стадионот на клубот кој во не така далечното минато беше шампион на Холандија. .
Реваншот се игра за една недела во Тузла. Подобриот во двата натпревари ќе игра против Данди.