Top Sport

Холгејт го обвини Фирмино за расизам (видео)

„Мерсисајд“ дербито во ФА купот не можеше да помине без проблеми. Иако мечот беше одбележан со гол во дебито на Виргил ван Дајк за 2:1 победа на Ливерпул, играчот на Евертон, Мејсон Холгејт го обвини Роберто Фирмино за расизам за пресметката која ја имаа.

Расправијата почна кога Холгејт го турна Фирмино преку рекламните паноа на „Гудисон“, пред напаѓачот на Ливерпул да го искористи тоа за серија навреди. Двајцата играчи потоа беше задржувани од своите соиграчи да не направат поголем инцидент.

Холгејт по ова се пожали на судијата Боби Медли дека Фирмино направил расистички навреди кон него, по што се најавува истрага на Фудбалската асоцијација (ФА). Фирмино пак, тврди дека го нарекол Холгејт „пута“, или курва.

Ван Дајк ја отплати првата рата (видео)

Scroll to Top