Рексам на холивудската ѕвезда Рајан Рејнолдс ќе има шанса да го пречека Тотенхем во петтото коло на ФА купот, доколку успее да го помине Шефилд јунајтед во повторениот натпревар, во најинтригантниот меч по ждрепката за најстарото клупско натпреварување на светот.
Петтолигашот Рексам имаше 3:2 водство пртив Шефилд јунајтед, пред да примат гол во финишот на мечот, за да осигураат повторен меч.
Манчестер сити ќе гостуваат кај Бристол сити, додека Манчестер јунјатед ќе ги пречекаат Вест хем или Дерби Каунти на „Олд Трафорд“.
ФА КУП, 5. КОЛО
Саутемптон – Лутон/Гримзби
Лестер – Блекбурн/Бирмингем сити
Стоук – Брајтон
Рексам/Шефилд јунајтед – Тотенхем
Фулам/Сандерленд – Лидс
Бристол – Манчестер сити
Манчестере јунајтед – Дерби каунти/Вест хем
Ипсвич/Барнли – Шефилд венсдеј/Флитвуд