По шпекулациите дека Лионел Меси не планира да го продолжи договорот со Пари Сен-Жермен, повторно кај навивачите на Барселона се јави надеж дека е возможен камбек на „Ноу Камп“. Неговиот татко, Хорхе Меси, кој беше на состанок со првите луѓе на ПСЖ денеска, ги урна овие надежи.
„Не верувам дека Лео ќе се врати во Барса. Зошто? Бидејќи условите уште не се исполнети. Не сме зборувале со претседателот Жоан Лапорта. Исто така, воопшто нема понуда од Барселона, не знам дали то е невзможно, бидејќи Лео уште има договор со Пари Сен-Жермен“, вели Хорхе Меси.