Фудбалерот на Ајакс Дејли Блинд бил задржан на болничко лекување откако лекарите дијагностицирале воспаление на срцевиот мускул.
Ајакс, клубот чии дрес го носи Блинд, потврдил дека играчот одреден период ќе биде под лекарски надзор. Извесно е дека Блинд ќе ги пропушти подготовките на Ајакс за вториот дел од сезоната.
29 годишниот фудбалер по објавата дека бил задржан во болница преку социјалните мрежи им се заблагодарил на сите оние што му посакале добро здравје.
Thank you all ?? pic.twitter.com/7Z32bcwb5X
— Daley Blind (@BlindDaley) December 21, 2019