Славниот аргентинскиот напаѓач Карлос Тевез (40) заврши во болница во Буенос Аирес. Тевез бил хоспитализиран откако се пожалил на болки во градите.
„Нашиот тренер Карлос Тевез е примен во болницата Ла Тринидад во Сан Исидро со болки во градите. Таму направија тестови и резултатите беа задоволителни. Карлос денеска ќе биде подложен на нови тестови како дел од рутински преглед, тој ќе остане во болница додека не биде заврши со сите тестирања“, објави неговиот клуб Индепендиенте.
Аргентинецот во три наврати играше за Бока Јуниорс, бразилски Коринтијанс, кинески Шангај, Вест Хем, Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Јувентус.
Тој постигна 13 гола на 76 настапи за Аргентина од 2004 до 2015 година, а како тренер го водеше Росарио Централ пред да дојде во Индепендиенте минатата година.