Top Sport

И Хрвати учествувале во војната помеѓу „Гробарите“

Во крвавите инциденти кои синоќа се случија на јужната трибина на стадионот на Партизан за време на 156. „вечно“ дерби учествувале и странски државјани. Неофицијално се наведува дека во инцидентите биле инволвирани најмалку шестмина хрватски државјани, односно по еден грчки и бугарски државјанин.

Порталот „Индекс“ од Загреб пренесува дека Хрватите кои биле на стадионот се од Сплит, што еден од нив им потврдил на полицајците кога групата која го предизвика хаосот била исфрлена на атлетската патека.

„Слободна Далмација наведува дека еден од Хрватите, 26-годишниот Анте Фириќ бил тешко повреден откако бил пободен со нож. Весникот пишува и дека повик да биде присутен на стадионот добил и Дамир Товаровиќ, кој по своите криминални активности и бил добро познат на хрватската јавност.

Хрватите на дербито дошле на покана на своите колеги од „белградското подземје“, за да им помогнат да ја преземат „власта“ на јужна трибина, каде што главна е навивачката група „Алкатраз“.

Според српските медиуми, во хаосот повредени биле 19 хулигани, а полицијата привела 26 лица.

фото/Reuters

Scroll to Top