Top Sport

Хрватите добиле по 10.000 евра за да го почнат хаосот на дербито

Тројца од шесттемина хрватски државјани кои учествувале во масовната хулиганска пресметка на јужната трибина на стадионот на Партизан во текот на „вечното“ дерби биле платени за да учествуваат во тепачката, пишува весникот „Блиц“.

Истиот извор наведува дека кај еден од нив биле најдени наркотици, чија количина е доволна за неколкугодишна затворска казна.

Весникот во денешното издание, повикувајќи се на извори во српската полиција, пишува дека хрватските државјани од Сплит, меѓу кои се и Анте Фириќ (26) и Дамир Доваровиќ, добиле по 10.000 евра да дојдат во Белград и да го почнат хаосот.

Изворот на весникот не сакал да го открие идентитетот на лицето кое на хрватските државјани им платило, за да не влијае врз истрагата.

Инаку, во масовната хулиганска пресметка Фириќ е тешко повреден. Тој бил прободен со нож во грбот и имал хематом на мозокот. Хрватскиот државјанин е хоспитализиран на Воено-медицинската академија во Белград.

Весникот „Новости“, пак, пишува дека во организацијата на хаосот што се случи на 156. „вечно“ дерби учествувале 100 лица и дека во организацијата на нередите биле вклучени и некои странски служби.

И Хрвати учествувале во војната помеѓу „Гробарите“

„Гробарите“ се тепале за превласт на јужната трибина

Scroll to Top