Глазгов Ренџерс потврдија дека за 2.2 милиони фунти го обезбедија потписот со капитенот на Осиек, Борна Баришиќ, носејќи уште едно засилување за тимот на Стивен Џерард, и во исто време покажувајќи дека Хрватите по успешниот настап на СП во Русија се „најбараната роба“ во овој летен преоден рок.
Баришиќ го импресионирал Џерард во квалификацискиот дуел во Лига Европа меѓу двата тима, и иако не беше дел од хрватската репрезентација во Русија, тој обезбеди трансфер кај својот сонародник Никола Катиќ.
„Ќе го оставам срцето на ’Ајброкс’ и на секој друг стадион за Ренџерс. Сакам да им дадам на фановите многу за пораките кои ги добив. Менаџерот и клубот веруваа во мене и сега тоа треба да го оправдам на теренот“, вели Баришиќ.
? FIRST INTERVIEW: @RangersTV subscribers can now watch an exclusive interview with Borna Bariŝić. #BornaBear
WATCH NOW: https://t.co/7Wjr6KknrN
SUBSCRIBE TO RTV: https://t.co/FVbn5yUf7V pic.twitter.com/7klXrCm7Sh— Rangers Football Club (@RangersFC) August 7, 2018
Иако трансферот од 2.2 милиони фунти може изгледа потпросечно, тоа не ја менува сликата дека овој преоден рок освен во знакот на Кристијано Роналдо е во знакот на хрватските фудбалери.
Шиме Врсаљко веќе ја зголеми „колонијата“ во Интер приклучувајќи им се на Марцело Брозовиќ и Иван Перишиќ, а шпекулациите велат дека наскоро ќе им пристигне и капитенот Лука Модриќ.
Покрај тоа, Челси наводно е блиску до позајмица на Матео Ковачиќ од Реал Мадрид, Анте Ребиќ се поврзува со неколку клубови, исто како и Домагој Вида, а Динамо се надева дека ќе инкасира 15-тина милиони евра од трансферот на младиот дефанзивец Бенковиќ во Лестер. Дури и Никола Калиниќ, по срамното исфрлање од репрезентацијата во Русија, е блиску до трансфер во Атлетико Мадрид.
Другите фудбалери од регионот можат само да сонуваат за вакви трансфери, а босанскиот портал „Спортспорт“, јасно посочи дека насловната страница на „Спортске новости“, хрватскиот спортски весник најдобро кажува што е Хрватска во однос на другите околни фудбалски „сили“ – на насловната се најавуваат сумите на Брозовиќ. Ковачиќ, Бенковиќ, Башиќ, Баришиќ…