Top Sport

Хрватите го менуваат „легендарниот“ грб

Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) објави натпреварување за избор на нов грб на федерацијата и на репрезентацијата, иако светските вице-шампиони, барем според нас, имаат еден од најубавите грбови на дресовите.

Причината за овој потег е новото поглавје во историјата на хрватскиот фудбал по среброто во Русија.

Сегашниот грб на Хрватите е изработен во далечната 1972 година од вајарот Маријан Зарадиќ и од тогаш двапати се правени мали корекции – во 1990 и во 2013 година.

Scroll to Top