Хрватската фудбалска федерација (ХНС) го отпуштија Огњен Вукојевиќ, членот на тренерскиот состав на селекторот Златко Далиќ по видео-пораката која тој заедно со дефанзивецот Домагој Вида ја пуштија по победата над Русија на пенали во четврт-финалето на СП со порака: „Слава на Украина“.
Видеото од само девет секунди кое Вида и Вукојевиќ го пуштија на социјалните мрежи по саботниот меч, донесе предупредување од ФИФА и беше критикувано од повеќе руски политичари поради тензичните односи меѓу Русија и Украина по конфликтите од 2013 година.
Вида и Вукојевиќ претходно беа фудбалери на украинскиот клуб, Динамо Киев. ХНС потврди дека му ја одземале акредацијата на Вукојевиќ и го ослободиле од обврските во составот.
„ХНС се извинува на руската јавност за постапките на членовите на хрватската делегација. Тие се извинија за постапките, и иако немаа намера да има политичка позадина, се остави простор за такви интерпретации“, се вели во соопштението.