Хрватскиот фудбалски сојуз го дбра кампот каде ќе биде сместена репрезентацијата за време Светското првенство во Русија. Хрватите ќе бидат сместени во селото Иличево, кое се наоѓа на 60 километри од Санкт Петрбург.
Хрватска на Мундијалот во Русија ќе игра против Аргентина, Исланд и Нигерија. „Коцкестите“ два натпревари ќе играат во северниот дел на земјата, во Калиниград и Нижни Новгород. Од Сантк Петербург кој од хрватската база се наоѓа на 50 минути возење, се лета еден час и 20 минути до градовите во кои ќе игра Хрватска против Нигерија и Аргентина.
„Форест Рапсоди Рисорт“ има теретана, тениски терени, базени и три ресторани. Ноќевање во овој ресорт се движи по цена од околу 150 евра.