Top Sport

Хрватот Брекало на радарот на Јирген Клоп

Ливерпул ја загуби круната во Англија, а не се прослави сезонава ниту во Лигата на шампионите.

Сепак, менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп има големи планови за летово. Изминатите денови најчесто во фокусот на тимот од „Енфилд“ беа Флоријан Хојхаус од Борусија Менхенгладбах, Душан Влаховиќ од Фиорентина, 18-годишниот Адам Гложек од Спарта Прага, но на листата потенцијални засилување се најде и хрватскиот интернационалец од Волфсбург, Јосип Брекало.

За 22-годишниот фудбалер интерес покажаа и Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид и Рома.

За 113 меча одиграни за Штутгарт, односно Волфсбург хрватскиот репрезентативец постигнал 14 гола и имал 13 асистенции.

Иако сезонава и не е незаменлив во стартниот состав на бундеслигашот, сепак се доаѓа до податок дека најголемите квалитети на Брекало се на позицијата крилен напаѓач, а Клоп кај екс-играчот на Динамо Загреб ги препознал смиреноста и неверојатната сигурност при додавањата во моменти кога противникот врши пресинг. Анализата покажала дека тој е одличен во ситуација да задржи топка и да изнуди фаул.

Сето ова плус и пристапната цена од околу 12 милиони евра го заинтересирале Клоп кој, пак, на таа позиција веќе ги има Мане и Жота.

Scroll to Top