Top Sport

Хрватот Ковач го спасува српскиот ас Лука Јовиќ

По се изгледа дека деновите на Лука Јовиќ во Реал Мадрид се избројани – тврдат шпанските медиуми. Сега се отвора нова опција за евентуален негов транфер – француската Лига 1.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Јовиќ во новата сезона би можело повторно да соработува со хрватскиот тренер Нико Ковач, но овојпат не во Ајнтрахт, туку во тимот на Монако.

Клубот од Азурниот брег е во потрага по напаѓач, а во Реал се свесни дека инвестицијата вредна 60 милиони евра им пропадна, па најверојатно Јовиќ ќе го испратат на нова позајмица.

Цената на српскиот ас ова лето драстично падна, па се отвора прашањето дали клубот од Кнежевството ќе го позајмува или ќе го откупи договорот на Јовиќ.

Scroll to Top